Спасен Силјановски до власта: Страв ви беше да ми ставите лајк - сега сите сте патриоти
Пејачот Спасен Сиљановски денеска на социјалните мрежи сподели статус со порака до актуелните власти:
До пред половина година се пуштаа од оро кога ќе запеев патриотска песна, се плашеја да не ги видат или сликаат со мене затоа што важев за Патриот, а за нив беше страмно и заостанато да си патриот. Се плашеа да стават лајк на мои објави и постови од национален интерес. Македонските народни песни за нив беа "сељачки".А сега....сега наеднаш сите се патриоти. Се развиле знамиња со 16 краци за да докажат демек и ние сме патриоти.Поголеми патриоти дури и од Гоцета, Дамета, Јанета.....Поголеми католици од папата. И тие истите такви гниди, мекотели, безкичмењаци, олоши, кодоши, бројлери се облекуваат со сонцето од кутлеш и дремат по штабови за да се дочепаат до некое директорско место....И за жал си добиваат што е најтрагично. Одеднаш гледаш нови голобради фаци како се сместуваат на функции, а никогаш предходно не си ги видел на протест, митинг, трибина, организација....никаде Еј вие таму горе високо, внимавајте, Македонија не е само за денес. На македонија ќе и требаат секогаш вистински патриоти со "мустаќи". Не уништувајте го патриотскиот дух во нив оти само уште тој им остана. А без нив нема Македонија....ниту вас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа