Сопственикот на теретана го зел бебето по злосторството во Градачац, сега му се закануваат
Се појавуваат нови детали за страшното злосторство во Градачац, БиХ, каде вчера тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ брутално ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица пред да се самоубие.
Сопственикот на теретаната Емир Џиновиќ од Градачац, каде тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ работел како фитнес тренер, вчера бил на местото на злосторството и го зел бебето по убиството на Низама Хеќимовиќ. За среќа, бебето преживеало, а убиецот го оставил на подот.
“Да, го спасив бебето, во локва крв беше спуштено на подот. Сега е со мене, на сигурно. Сцената беше страшна. Ја претепа несреќната сопруга, таа беше непрепознатлива. Се познаваме, долго време работеше кај мене, никогаш немаше никакви проблеми. Не знам како дојде до ова“, рече тој.
Бебето завршило во болница во Тузла, каде и била укажана помош и било утврдено дека е неповредено, по што ќе биде предадено на социјалните служби.
Џиновиќ, инаку, се појави и во коментарите за време на преносот на убиецот на Инстаграм, а некои неговите пораки ги протолкуваа како поддршка за двајцата.
Џиновиќ синоќа изјави дека добил закани.
„Од вечерва е отворен ловот по тебе, да си знаеш“, пишувало меѓу другото во пораката што ја добил од извесен Ф.С.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа