Сообраќајка на патот Градско-Прилеп: Се судриле автобус и комбе, има повредени патници

Утрово во 06.50 часот  во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред авто сервис во Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.С.(55) од село Кравари, битолско, и автобус „темса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Т.О.(31) од Кавадарци.  

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.П. (63), а 60-годишната Л.К., Д.П.(70) и М.А.(49), сите од Битола, патници во комбето, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.  

По насоки на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.  

12.07.2024 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега