Сончево и топло: Температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 36 степени.

УХМР за наредните денови прогнозира сончево и топло време со појава на попладневна облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

-Повремено и особено на крајот од работната недела ќе има услови во планинските подрачја за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

06.08.2024 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега