Скопје вечерва е седми најзагаден град во светот

Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, Ајкјуер вечерва во 19 часот го рангира Скопје на седмото место во светот според загаденоста на воздухот со индекс од 160.

Токму денеска и вечерва, над 70 делегации од 57 држави членки на ОБСЕ се наоѓаат во Скопје и имаат можност, (несакана) да се уверат до кое дереџе е дојдено со негрижата за животната средина во главниот град на Македонија.

Пред и по седмото место на таа неславна листа се наоѓаат големи индустриски центри од Азија, па така тоа е уште еден податок што никако не ја оправдува состојбата со воздухот во Скопје. Освен честите магливи ноќи и утра во скопската котлина, други оправдувања за вака високата загаденост едноставно нема.

30.11.2023 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега