Скопје: На полноќ ја претепал поранешната партнерка
Денеска (07.02.2024) во 00.40 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Л.(26) од Скопје затоа што претходно физички ја нападнал неговата 25 - годишна поранешна партнерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
07.02.2024 - 20:02
Фото:
Илустрација
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа