Скандал ја тресе Полска: Свештеници организирале оргии, еден маж завршил во болница

 

Католички свештеник е под истрага откако во еден од неговите станови во Полска, наводно, биле организирани геј оргии, во кои биле користени и апчиња за потенција, поради што лекарите морале да интервенираат.

Според тамошните медиуми, како што пренесува британски Експрес, свештеникот организирал оргии во стан во сопственост на црквата.

Свештеникот наводно ангажирал машка проститутка, а на крајот интервенирале полицијата и брзата помош, откако на еден од учесниците му се слошило.

Свештеникот прво не сакал да ги пушти во станот лекарите кои ги повикал изнајмениот човек, а брзата помош влегла дури по пристигнувањето на полицијата. Во станот на подот нашле онесвестен маж.

„Настанот беше организиран од свештенството и имаше чисто сексуален карактер, а учесниците земаа апчиња за потенција“, изјави анонимен извор за Газета Виборча.

чесникот кој изгубил свест за време на оргијата бил пренесен во болница и отпуштен на домашно лекување откако му се стабилизирала состојбата.

За инцидентот биле информирани црковните поглавари и била наредена истрага, а била формирана и комисија за утврдување на сите факти.

Според германските медиуми, бискупот задолжен за тој регион со писмо ги осудил „страшните настани“ во Полска, а писмото наводно било прочитано во секоја црква во областа.

Бискупот најостро ги осудил „срамните свештеници“ кои учествувале во тој скандалозен чин.

„Им се извинувам на сите што беа погодени од ова, кои се вознемирени од овие настани“, се наведува во писмото и се додава дека нема оправдување за „моралното зло“ и дека сите учесници ќе бидат казнети согласно канонското право.

Во меѓувреме, локалните власти покренаа истрага против свештеникот, кој е обвинет дека не пружил помош на лице кое имало потреба.

Чесав Курпи, заменик окружен обвинител, рече дека обвинителството води постапка за неукажување помош на лице чиј живот е во опасност.

Свештеникот негирал дека организирал „геј оргии“ кога ги известил своите црковни старешини за инцидентот.

26.09.2023 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега