Скај Њуз: Ова е опасен момент за Блискиот Исток, без разлика кој ја нападнал болницата во Газа

 

Ова е опасен момент за Блискиот Исток, без разлика кој е одговорен за нападот на болницата Ал-Ахли во Газа, изјави Алистер Бункал, дописник на Скај њуз за Блискиот Исток.

„Арапскиот свет нема да им верува на тврдењата на Израел дека експлозијата била предизвикана од ракета истрелана од Газа. Не тврдат само Хамас и Исламски џихад дека Израел ја погодил болницата, туку и бројни хуманитарни организации“, рече Бункал.

„Видеото објавено од Израел, кое наводно покажува дека тој не е одговорен за нападот, е неубедливо. Ова може да биде пресвртница во конфликтот: дали сојузниците на Израел ќе и кажат на владата да запре и да ја контролира ситуацијата или ќе се отворат нови фронтови во Либан, Западен Брег или Ирак?” додаде тој.

„Утрово американските сили во Ирак наводно собориле два дрона во близина на една од нивните бази. Затоа она што се случува во Газа е многу опасно за поширокиот регион“, смета Бункал.

18.10.2023 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега