Синот на Ел Чапо екстрадиран во САД

Овидио Гузман, син на затворениот мексикански наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, вчера беше екстрадиран во САД. Во САД се бара поради обвинение за дрога, соопштија денеска претставници на мексиканската влада.

Претходно мексиканските медиуми, вклучително и информативната мрежа Миленио, објавија дека Гузман бил изнесен од затворот за да биде екстрадиран. Канцеларијата на мексиканскиот јавен обвинител соопшти дека нема коментар.

Гузман помладиот, беше уапсен во Мексико во јануари по интензивна пукотница во северната држава Синалоа. Американската влада побара негова екстрадиција во февруари за да може да се соочи со обвиненија за дрога пред американскиот суд.

Според американските судски документи, Овидио и неговите браќа наводно контролирале масивни меѓународни операции за трговија со фентанил, со што заработиле стотици милиони долари и „ги преплавиле“ САД со смртоносниот опиоид. Стејт департментот понуди награда од 5 милиони долари во 2021 година за информации што ќе доведат до апсење или осудување на Овидио.

16.09.2023 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега