Силјановска – Давкова: Како ќе ги задржиме младите, така што најумните млади ќе се најдат на најдобрите места

Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјановска – Давкова  на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска - Давкова од  Македонски брод истакна дека младите се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ и програмата „Обнова“ каде ВМРО-ДПМНЕ се обврзува најдобрите млади луѓе да се најдат на правите работни места и  огромен број на мерки за задржување на младите во државата.

„Како ќе ги задржиме младите, така што најумните млади ќе се најдат на најдобрите места. Зошто ако во програмата пишува нешто што со години велам дека треба да го правиме. Не си одат тие заради луксузниот живот си одат заради тоа што погрешни луѓе се на право место затоа што на конкурсите последниот влегува а првиот заминува, затоа фрустрирани неспособни луѓе се плашат од конкуренција и сакаат да бидат опкружени со војници послушни обожаватели„ истакна Силјановска.

Дополнително носителката на изборна единица 1 Силјановска – Давкова кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за демократичност истакна дека на листите за разлика од СДСМ каде преовладуваат лица кои се истрошени и некомпетентни кај ВМРО- ДПМНЕ преовладува енергија, младост, знаење и квалификуваност.  

„Споредете ги нивните листи со нашите. Или се тоа истрошени, истиштени потрошени политичари кои од деца се во политиката и за д себе немаат ништо ама ние зад себе имаме професија реализирани сме и сега решивме она што сме го добиле од Македонија да и го вратиме. Знаењето, енергијата и најмногу ако сакате љубовта„ потенцираше Силјановска - Давкова. 

На крај Силјановска - Давкова како носителка на изборна единица 1 на ВМРО - ДПМНЕ и „Коалицијата за Обнова на Македонија„  порача дека ВМРО–ДПМНЕ нуди огромен број на проекти од развој на туризам до зајакнување на економијата каде што ќе имаат бенефит  сите граѓани на земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега