Си замина првиот човек на армијата на САД

 

Генералот Марк Мили денеска ја напушти функцијата началник на Здружениот Генералштаб на американските сили по мандатот обележан со бројни кризи во странство, како и во САД.

На негово место ќе дојде Чарлс „C.Q“ Браун, актуелен шеф на воздухопловните сили. По Колин Пауел во 1990-тите, тој ќе биде вториот Афроамериканец кој ќе ја заземе челната позиција на најмоќната војска во светот.

Откако ја презеде функцијата во октомври 2019 година, имаше криза по криза, нон-стоп, изјави тој неодамна за АФП. Заедно со секретарот Лојд Остин, Мили организираше американска воена помош за Украина по руската инвазија.

Неговиот мандат беше обележан и со американскиот дебакл во Кабул, кога во август 2021 година талибанците ја вратија контролата врз Авганистан и неговиот главен град на крајот на дваесетгодишната војна што дури и самиот Мили ја опиша како „стратешки неуспех“.

Генералот Мили, исто така, изрази жалење што бил присутен кај Доналд Трамп кога претседателот ги растера демонстрациите на „Животите на црнците се важни“ пред Белата куќа.

Неговиот наследник Ц.К. Браун е искусен пилот со 3.000 часови лет, од кои 130 борбени часови. Тој беше командант на американските воздушни сили на Блискиот Исток и Пацификот.

 

29.09.2023 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега