Што се криел дома - падна дилер од Штип

 

На 11.10.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип го лишиле од слобода М.Ж.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом и помошни простории на две локации во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од  бела прашкаста материја, различни видови таблети, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во неговото возило „цитроен“ била пронајдена и одземена  бела грутчеста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријв

12.10.2024 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега