Сообраќајна несреќа кај Охрид: тројца повредени, меѓу кои и малолетници

 


Вчера во 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот Д.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница - Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

11.03.2025 - 12:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега