Шоле доаѓа во Скопје да ја реши корупцијата во Македонија
Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле ќе ја посети Северна Македонија на 14 декември за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Покрај во Скопје, Шоле од 11 до 1 7 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија, пренесува Гласот на Америка.
– Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, наведуваат од Стејт департментот.
Серијата посети, Шоле ќе ја заврши во Брисел на 16 до 17 декември со цел да разговара за соработката со европските партнери и сојузници за низа глобални прашања, вклучително и за континуирана поддршка за Украина, пристапот во ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и за енергетската безбедност и дијалогот меѓу Косово и Србија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа