Шок: Ги искршил апаратите за игра на среќа и ја ограбил обложувалницата, па пријавил во полиција дека некој друг извршил разбојништво
Полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.С.(34) прилепско село, поради затајување и лажно пријавување на кривично дело.
„На 20 мај, пријавениот пријавил дека во спортска обложувалница во селото Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари“, се вели во полицискиот билтен.
По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно дека тој го сторил делото со подесен алат.
20.06.2025 - 15:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа