Шест женски тела во различни фази на распаѓање пронајдени во главниот град на Кенија

 

Шест женски тела во различни фази на распаѓање беа пронајдени во петокот во каменолом во главниот град на Кенија Најроби, соопшти полицијата, што предизвика протести во блиската полициска станица.

- Алармот е вклучен откако шест тешко осакатени тела, сите женски, во различни фази на распаѓање, беа откриени во каменоломот што се користеше како ѓубриште - се наведува во соопштението на Управата за криминалистички истраги.

Областа е опколена како место на злосторство, а „прелиминарните истраги укажуваат на сличен начин на убиство“, се вели во соопштението.

– Телата се пронајдени завиткани во најлон и јажиња, по што се пренесени на обдукција – додаваат од полицијата.

14.07.2024 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа