Шест аеродроми во Франција добија закани за бомби, во тек е евакуација

 

Шест аеродроми во Франција добиле закани за бомби, а во тек е евакуација на луѓето од аеродромот.

Како што јави БФМ ТВ, повикувајќи се на извор од полицијата, закани за бомби добиле аеродромите во Ница, Лил, Тулуз, Нант, Брон и аеродром во близина на Париз.

Евакуацијата беше извршена откако денеска со „молотов коктел“ беше нападната синагога во Берлин поради порастот на антисемитските инциденти во Берлин по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток, пренесува „Танјуг“.

18.10.2023 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега