Шекеринска: ЕУ мора да седне и да помогне на масата со Бугарија

 

Потпретседателката на Партијата на европски социјалисти, Радмила Шекеринска, денеска, на панелот „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици“ порача дека според нејзиниот Институт за одржливи и иновативни политики, ЕУ не може да има геополитичка релевантност без процесот на проширување.

„Добрата вест е дека во врска со тезата за проширувањето веќе нема дилеми во ЕУ, лошата вест е дека за нас во Северна Македонија и за Западен Балкан тоа не е доволно“, рече таа.

Во проект на „Политикум“, а во врска со уставните измени, како што рече, доминирал заклучокот дека ниту еден политички или експертски фактор во изминатите 12 месеци не излегол со листа во која ќе каже дека уставните измени се некаков ризик за државата.

„Главните резерви беа дали уставните измени ќе бидат доволни и дали ќе значат крај на процесот на условување. Тие се наш дел од работата и треба да се завршат“, рече Шекеринска.

Друга препорака, според Шекеринска, е дека ЕУ мора повремено да седнува на нашата билетералната маса со Бугарија.

„Кога Северна Македонија преговара со својот сосед, од другата страна не ја има само Бугарија, туку и неговата политичка моќ, која произлегува од членството во ЕУ и нашата желба да станеме членка на Унијата. Кога веќе ЕУ не успеа да ја балансира таа асиметричност со тоа што билатералните прашања на некој начин ќе ги елиминира од процесот, тогаш сметаме дека ЕУ мора да седне на масата и да помогне за да се најде одржлив и продуктивен процес“, истакна таа.

Според поранешната министерка, домашните реформи повеќе треба да ги гледаме како цел за себе и дека помалку треба да ги гледаме само низ призмата на ЕУ и нејзнината политика на условеност.

18.12.2023 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега