Сестрата на Фросина: До кога од улиците ќе правите гробишта?

До кога ќе не газите?! До кога од улиците ќе правите гробишта? До кога ќе броиме жртви, ќе палиме свеќи, ќе плачеме над изгаснатите младости? Ова на Фејсбук о напиша Росица Кулакова, сестрата на прерано починатата Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена и усмртена кај Силбо на Партизанска.
- Се уште одекнува болката од загубата на мојата сестра… а синоќа уште една жртва. Колку уште? Колку животи треба да бидат згаснати или засекогаш променети конечно нешто да се промени? Ова не е судбина. Ова не е несреќа. Ова е беззаконие, немарност, некултура што убива! Колку уште крв треба да се пролее пред да кажеме ДОСТА Е?!
Со лесно на повреденото девојче, нека закрепне што побрзо, напиша таа.
За потсетување, Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.
22-годишната млада девојка беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.
03.03.2025 - 08:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа