Седум Срби дадоа отказ од косовската полиција

 

Седум припадници на српската заедница ја напуштиле косовската полиција, пренесуват косовските медиуми.

Четворица Срби ја напуштиле косовската полиција во Лепосавиќ, двајца во Звечан и еден во Митровица.

Претходно, американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер како и шефот на ЕУЛЕКС Џовани Пјетро Барбано, објавија дека се „загрижени поради заминувањето на тројцата новопримени српски полицајци и дека внимателно ги следат настаните“.

„Еулекс внимателно ги следи овие загрижувачки случувања. Составот на полициските сили треба да го одразува и претставува општеството на кое му служи и го штити“, напиша тој на социјалната мрежа Х.

Загриженост изрази и американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, кој изјави дека косовската полиција е таму за да им служи на сите заедници во Косово.

 

17.08.2023 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега