Седум лица повредени во сообраќајна несреќа – ова се деталите

На 18.08.2024 во 16:06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино – с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од с.Теарце, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште пет негови сопатнички од с.Теарце, од кои две малолетни, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од увидна екипа од СВР Тетово.

19.08.2024 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега