Се вжешти линијата на ЦУК: Паднати дрвја, оштетени автомобили, откорнати кровови, откачени кабли

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во во Центаро за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот.

За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности.

За сега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: 16 паднати дрвја, возила оштетени 3, кабли откачени од бандери 7; оштетени кровови 3 и повредени 1. 

02.07.2024 - 15:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега