Се удавил маж на Халкидики додека се обидувал да си го спаси синот: Ветерот го однел момчето на душек
Татко се удавил на познатата плажа „Лагониси“ на Халкидики, Грција додека се обидувал да го спаси своето 8-годишно дете, кое ветерот го однел на отворено море.
Како што соопшти крајбрежната стража во 11.30 часот, 48-годишен маж бил извлечен од морето во бесвест.
Според „Прототема“, таткото се обидувал да го спаси синот, кој бил на душек, а силниот ветер го однел на отворено море.
Момчето било спасено со чамец, а таткото не успеал да преживее.
Тој бил извлечен од морето во несвест и пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.
21.08.2023 - 16:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа