Се превземаат мерки за расчистување на случајот со вработените кои беа нападнати во МНАВ

Вработени во МНАВ денеска беа нападнати од неколку лица. Вработено лице во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата).

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатиле кон местото на настанот и работат на превземање мерки за расчистување на целиот случај.

Претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски претходно обвини дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени.

-Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект, напиша тој на социјалните мрежи.

 

04.01.2024 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега