Се огласија од МВР за убиството: Кон жртвата пукале од мерцедес

Од Министерството за внатрешни работи за Прес24 потврдија дека се случило убиството во Тетово.

Оттаму информираат дека едно лице од возило мерцедес, пукало кон друго возило бмв, во кое било сега починатиот Р.Т. Од повредите мажот починал.

„Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило "мерцедес" пукало кон возило "бмв" во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало.

Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, изјавија од МВР за Прес24.

05.07.2024 - 22:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега