Се огласи Бајден: Имам мирен изборен ден во Белата куќа - вие гласајте

 

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика американските гласачи да „испишат историја“ избирајќи ја Камала Харис за свој наследник, додека тој минува мирен изборен ден во Белата куќа.

Во објава на Платформа Х, Бајден рече: „Оди гласај!

Бајден, кој се откажа од трката во јули и ја поддржа Камала Харис, се соочи со повици да се повлече по напнатата дебата со Доналд Трамп.

По викендот во Делавер и последното предизборно појавување во Пенсилванија, Бајден се врати во Вашингтон, каде што ќе ги следи изборите и ќе чека да види дали неговиот потпретседател ќе стане нов шеф на Белата куќа или Доналд Трамп ќе ја преземе власта повторно.

 

Првата дама Џил Бајден го започна денот во Вилмингтон, Делавер, каде лично ќе гласа пред да се врати вечерва во Вашингтон.

Според извори од Белата куќа, претседателот и првата дама ќе ги следат резултатите во Белата куќа со долгогодишни соработници и висок персонал.

 

Да потсетиме, според информациите на Си-Ен-Ен, американската Национална гарда е во подготвеност во сојузните држави Вашингтон, Орегон и Невада, пред претседателските избори. Министерството за внатрешна безбедност предупреди на висок ризик за „изборната инфраструктура“, што укажува на сериозноста на ситуацијата и потребата од дополнителни мерки на претпазливост.

Според Вашингтон пост, американската администрација се подготвува за можноста други земји да се обидат да ја дестабилизираат ситуацијата во САД по претседателските избори. Извори на весникот наведуваат дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден е во состојба на готовност за потенцијални обиди од странство да ја загрозат или дестабилизираат ситуацијата во Соединетите Американски Држави во периодот на предавање на овластувањата на новиот претседател.

Американските власти, според истиот извор, се обидуваат да спречат обиди за искористување на периодот на ранливост што е уште поопасен поради екстремната политичка поларизација во САД. Пентагон се подготвува и за бројни можни сценарија кои би можеле да се случат по изборите, а пред инаугурацијата на следниот претседател на 20 јануари.

05.11.2024 - 18:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега