Се менуваат протоколи за кога ќе има дојава за бомба, МВР да провери – наставата да продолжи

 

 

Се менуваат протоколи за кога ќе има дојава за бомба, тимовите на МВР да бидат сигурни дека е лажна, а наставата да продолжи. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски, кој за попладнево најави нов состанок со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование.

„Не сме ја загубиле сајбер-војната и нема да ја загубиме. Ова се случува во голем број на држави членки на НАТО. Веќе МВР менува одредени протоколи кои проверуваат. Имаме денеска состанок со раководството на МВР и Министерството за образование, за носење на дополнителни мерки, со цел да овозможиме редовна и непречена настава“, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека е родител, што значело дека ги разбира и останатите родители.

„Обврска на МВР е да ја обезбеди безбедноста на граѓаните. Согласно протоколите за борба против тероризам, тие мора да спроведуваат процедури кои се пропишани согласно закон, како во сите држави. Заради спречување на напуштање на училиштата, секојдневно се работи за да се најде начин каде ќе се обезбеди сигурност дека дојавите за бомби е лажна, а да продолжи наставата“, кажа Ковачевски.

03.03.2023 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега