Ангелов: Не постои соодветен збор со кој можам да ја опишам оваа ужасна трагедија

 

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил ја опиша глетката која рано утрово ја затекнал кај изгорената дискотека во Кочани.

Како што вели, ужас не е доволен збор.

„Не постои соодветен збор со кој можам да ја опишам оваа ужасна трагедија. Не можам да одберам ниту соодветен збор со кој ќе ја опишам тагата која ја чувствувам цел ден. Скршен од болка не можам да најдам ниту доволно силен збор со кој можам да го искажам моето сочувство кон сите кутри семејства кои ги загубија своите млади синови и ќерки. Бог да ги прости починатите и нека им дава сила на нивните семејства“, напиша Ангелов.

16.03.2025 - 20:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега