СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за да го оправда поразот на изборите

Во белиот дворец се уште не можат да се помират со поразот што го доживеаја на 15 јули и затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бара ново алиби, стои во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМР0-ДПМНЕ.

„Колку и да се обидува да манипулира опозициската партија, Изборниот законик во однос на платеното политичко рекламирање и поделбата на просторот е јасен.

Согласно резултатите од претходните парламентарни избори, најголемите две владејачки и опозициски партии беа СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Токму согласно таа распределба е распределена и Државната изборна комисија. Дали според ВМРО-ДПМНЕ и ДИК е незаконска?

Парламентарните избори одржани на 15 јули беа фер, слободни и демократски, граѓаните јасно ја изразија својата волја и потврдија дека државата треба да продолжи на правиот пат.

СДСМ ја донесе слободата, ги ослободи граѓаните, компаниите, институциите, медиумите од стегите на режимот, криминалното и коруптивно однесување на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо очајно да се обидува да бара алиби и изговори, ВМРО-ДПМНЕ вината во поразот да ја бара во своите редови. Времето на медиумски мрак за кое лицемерно зборува денеска ВМРО-ДПМНЕ, заврши одамна, со падот на нивниот 11 годишен режим“, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега