СДК: Товарниот сообраќај кон Гевгелија во прекин поради попуштен железнички мост – единствениот воз од и кон Битола не сообраќа оти се расипа локомотивата
Железничкиот патнички сообраќај во земјава е речиси во колапс. Функционира ама со големи тешкотии. Откако утрово беше прекинат неколкудневниот штрајк за неисплатени патни трошоци, единствениот патнички воз за Битола не сообраќа, а од попладнево патничкиот сообраќај кон Гевгелија се одвива комбинирано, со воз и со автобус, поради проблеми со железничкиот мост на реката Црна кај Стоби, објави СДК.МК.
„Констатирано е нарушување на стабилноста на железничкиот мост над Црна Река, кај локалитетот Стоби. Поради ова, патничките возови од и кон Гевгелија ќе сообраќаат со комбиниран превоз. Од стојалиштето Стоби до станицата Кукуречани патниците ќе бидат префрлени со автобус, а потоа ќе продолжуваат со патнички воз. Што се однесува на возот за Битола кој е еден и оди и се враќа, тој од утрово не сообраќа, бидејќи локомотивата е расипана. Дали ќе тргне утре, задутре или за неколку дена не може да се прецизира“, вели за „Сакам да кажам“ вработен во раководството на Македонски железници, кој не е официјално овластен за комуникации со јавноста.
Железничкиот мост над Црна Река кај Стоби попушти и во октомври 2018 година, кога од 2 октомври до 8 ноември, 40 дена не беше во функција.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа