Бајден даде зелено светло на Украинците да стрелаат со американски ракети

 

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден им дозволи на Украинците да го направат она што очајно го бараа со месеци – да напаѓаат цели длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел. Украина планира да ги изврши првите напади со долг дострел во наредните денови, велат изворите. Се очекува првите напади да бидат изведени во руската област Курск, каде што Русите и Севернокорејците ги напаѓаат елитните бригади на Украина.

Кремљ: Ако американски проектили бидат истрелани кон Русија, тоа ќе го сметаме за американски напад
Кремљ рече дека одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија ќе ги ескалира тензиите и ќе ги вовлече САД подлабоко во конфликтот.

„Доколку проектилите испорачани од САД бидат истрелани длабоко во Русија, Москва ќе го разгледа нападот не како украински, туку како американски“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Американски функционер одговори дека на Русите им е јасно дека САД ќе одговорат на ескалацијата со вклучување на Северна Кореја во војната, но и со интензивирање на воздушните напади врз украинската енергетска инфраструктура.

Европските лидери ја поддржаа одлуката на Бајден, со исклучок на унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фиц, кои често заземаат проруски позиции. Реагираше и севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун, кој ја обвини Америка дека ги користи Украинците за војната против Русија.

18.11.2024 - 19:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега