Самарџиев: По два дена го пронајдовме телефонот на Панче
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочеше поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев. Тој рече дека имал единствено комуникација со Велибор Манев, кој им покажал каде било закопано телото на Панче Жежовски. Претходно Самарџиев забележал дека возилото на Панче е излезено од Велес, но не ни претпоставувал дека тој е убиен.
-По пријателска врска со А1 операторот, така го пронајдовме телефонот, неофицијално дознавме како зрачи телефонот. Потоа баравме и листинзи. Тоа го направивме за побрзо пронаоѓање на лица. И ќерката на Панче имаше пристап до „Гугл“ акаунтот на Панче. Телефонот беше активен, но никој не одговараше. Го имавме бројот и гледавме каде зрачи телефонот, гледавме дека е во близина на бензинската пумпа Макпетрол. Испративме телеграма до сите СВР ако е најдено возилото или лицето да биде запрено и да бидеме известени. Баравме камери од патишта, патарини, објекти… Проверивме и дали ја напуштил државата. Телефонот беше пронајден во дол, во капини од две-три метри. По два дена го пронајдовме телефонот на Панче, во меѓувреме заврна и снег. Мораше да интервенира и општински работници за да исчистат. Ние ги користиме пријателските врски за побрза постапка“, рече Самарџиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа