Русија регрутира доброволци од Куба за војната во Украина, велат кубанските власти

 

Кубанското Министерство за надворешни работи соопшти дека открило случај за трговија со луѓе, чија цел била да регрутира Кубанци да се борат за Русија во нејзината војна во Украина.

Се вели дека Кубанците што живеат во Русија, па дури и некои во Куба, биле инкорпорирани во воените сили, кои учествуваат во војната во Украина.

Куба е близок сојузник на Русија, но таа во својата изјава истакна дека не е дел од конфликтот во Украина. Кубанското Министерство за надворешни работи не прецизира кој стои зад операцијата.

Рускиот весник „Рјазан газета“ објави дека Кубанците што живеат во Русија им се приклучиле на руските борбени сили, кои се борат во Украина во замена за добивање руско државјанство.

Имаше и видеа, кои покажуваат српски доброволци што тренираат да се борат заедно со руските војници во Украина.

Пред само нешто повеќе од два месеца министрите за одбрана на Куба и Русија одржаа разговори во Москва, а рускиот министер за надворешни работи отпатува на островот во април како дел од турнејата на своите сојузници од Латинска Америка.

05.09.2023 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега