Романците на нозе: Нуркачи и подводен дрон трагаат по минибусот кој падна во Дунав

 

Романските власти испратија тимови на нуркачи и подводен дрон кои трагаат по минибусот што со патници паднал во реката Дунав, по судир на вијадуктот во Иловица, западна Романија!

Засега нема точна информација колку патници имало во возилото, пренесе порталот digi24.ro.

Длабочината на реката на ова место изнесува околу 10 метри, но водата е матна и видливоста е многу ограничена.

Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации потврди дека е во тек исклучително сложена спасувачка операција.

14.04.2025 - 19:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега