Ристески: ВМРО-ДПМНЕ работи на унапредување и развој на односите со стратешките партнери

 


„Направени се опсежни анализи за она што е во моментот стратешки интерес на Македонија. Темелна анализа на светските политички движења, како во Министерството за надворешни работи, така и со премиерот на Република Македонија и одлучено е да се биде коспонзор на Резолуцијата на САД“ , прецизираше во своето излагање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ.

Ристески говореше за одлуката на Владата да се приклучи како коспонзор на Резолуцијата на САД.

Тој објасни дека се извршиле опсежни и темелни анализи и се донела одлуката, додавајќи дека ова означува дипломатска инвестиција на Република Македонија на она што ќе се случува во иднина.

„Јасно е што се случувало во ООН. Нормално дека  Македонија како сериозна држава направила во институциите на системот како што кажав премиерот, министерот за надворешни работи, во министерството, оспежни и темелни анализи и донеле одлука заедно со стратешкиот партнер, САД, да бидеме коспонзор на Резолуцијата на САД“ , дециден е Ристески.

Ристески истакна дека новата администрација на претседателот Трамп на САД  темелно се залага за да се воспостави мир на територија на Украина, но и пошироко во регионот, притоа тој додаде дека Македонија која ги цени истите вредности ја поддржала резолуцијата, со крајна цел да се воспостави мир.

„Јасно гледаме дека новата администрација на претседателот Трамп на САД, темелно се залага за воспоставување на брз мир на територијата на Украина и пошироко во регионот. Македонија како земја од Европа која секогаш и биле најважни мирот, стабилноста, како во соседството, така и во Европа ја поддржа оваа Резолуција, се со една цел да се воспостави мир, секако не да се држи настрана од европските вредности“ , заклучува Ристески.

26.02.2025 - 21:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега