РЕК Битола го гаси Блок 1 - ќе оди на ремонт
АД ЕСМ соопшти дека денеска започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола, и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.
Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола ќе се изведува пократко од вообичаениот период.
Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денеска во погон е ставен РЕК Осломеј, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ Неготино.
По завршувањето на ремонтот на Блок 1, планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември, информираат од АД ЕСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа