Ребалансот на Буџетот денеска ќе се разгледува на владина седница

 

Ребалансот на Буџетот се очекува да биде разгледан на денешната владина седница. По усвојувањето треба да биде пратен во Собранието на Република Северна Македонија каде се очекува да биде усвоен до почетокот на август. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во изминатиот период за медиумите информираше дека ќе има пари за плати и пензии и за се она што е преземено како обврска согласно закон, а дека ќе се крати од непродуктивните трошоци. 

16.07.2024 - 16:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега