Расчистена дива депонија кај ЖС во Скопје Север
Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија голема дива депонија лоцирана на булеварот Босна и
Херцеговина, во непосредна близина на паркингот кај Железничката станица во скопската населба Скопје Север.
„Активностите ги спроведоа пет работници на терен, со употреба на специјални комунални возила – втоварувач, патарка и кипер. Подигнати се и транспортирани приближно 50 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на непрописно одложениот отпад, реализирано е и рачно метење на целата локација“, информираат од ЈП Комунална хигиена Скопје во соопштение испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа