Рама пред да замине за Скопје ги потпишал 13-те договори со Косово

 

Албанскиот премиер Еди Рама пред да отпатува за Скопје, што е прва дестинација од неговата балканска турнеја ги потпишал 13-те договори, кои беше предвидено да се потпишат на заедничката седница на владите на двете земји на 14 јуни.

Косовскиот премиер, Албин Курти по најавата на Рама за посета на Приштина и планира средба со него истата ја одби велејќи дека не сака да се сретне на посебна средба со својот албански колега Рама, туку дека тоа треба да биде средба на двете влади и потпишување на договорите.

– Подготвен сум да се сретнам со Рама, но само во рамките на седница на двете влади, не надвор од неа, рече претходно Курти.

Веста дека ги потпишал договорите Рама ја објави на Твитер.

– Пред да тргнам за Скопје до Министерството за надворешни работи на Косово се доставени сите 13 договори потпишани од наша страна. Со потпис и на косовската страна стапуваат во сила веднаш. Останувам со надеж дека по отстранувањето на меракот јавно изразен од косовскиот премиер Курти попладнево ќе имаме и потврда за средбата со Албин, напиша Рама на Твитер.

Рама, претходно му предложил на Курти заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи на Косово, да се сретнат во потесен формат, но косовскиот премиер инсистирал средбата да се одржи според планираното, односно седница на двете влади.

Во очекување на потврда од Курти, Рама, кој попладнево заминува за Приштина, ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи, а потоа со претседателот на парламентот Глаук Коњуфца. Средбата со Курти, како што наведува Рама се очекува да биде потврдена попладнево.

06.07.2023 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега