Рафални пукотници кај Суботица: Полицијата ги советува граѓаните да останат дома
Повеќечасовни рафални пукотници се слушаа денес во зелениот појас на Суботица, Макова седмица.
Станува збор за место на кое има повеќе неформални криучарски пунктови и каде што и претходно се случувало да има вооружени пресметки на спротивставени криумчарски банди.
Најсериозниот судир беше лани во јули кога беа повредени повеќе луѓе, а имаше и еден загинат.
Како што објавуваат српските медиуми, полицијата излегла на терен, а на жителите во тој дел од Суботица кои и ја повикале полицијата, им било речено да не излегуваат од домовите.
Полицијата се сомнева дека станува збор за пресметка меѓу азиланти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа