Радев: Бугарија не поставува нови услови, туку бара исполнување на обврските од преговарачката рамка
Бугарија не поставува нови услови за европско членство на Република Северна Македонија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев и истакна дека од Скопје се бара да ги исполни веќе преземените обврски утврдени во преговарачката рамка.
„Не можеме да градиме добрососедство и одржлива европска иднина со говор на омраза, со фалсификати и навреди кон Бугарите во учебниците, со необјавување на архивите на службите за прогоните врз Бугарите во Македонија и немањето рехабилитација на невините жртви, со постојана дискриминација кон граѓаните со бугарска самосвест. Ако сме земја одговорна членка на ЕУ, не можеме да се откажеме од овие позиции. И ќе продолжиме да објаснуваме, да ги повикуваме европските институции, сите европски лидери. Нема да дозволиме таква замена на европските вредности и принципи“, рече бугарскиот претседател.
Радев беше на презентацијата на книгата на вонредниот професор доктор Спас Ташев – „Борбата на македонските Бугари за права и самостојност – 68 случаи од периодот 1944 – 1994 година“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа