Раде Штекли е во болница по експлозијата утрово

 

Раде Трајковски Штекли наводно е повреденото лице по експлозија за бомба која денеска се случи во скопска Ќерамидница, јавуваат дел од медиумите.

Од полицијата претходно информираа дека утрово во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.

-Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Пред болницата забележано е зголемено полициско присуство. Кон Штекли пред неколку месеци за краток период во трговиот центар Ист Гејт беа изведени два обиди за ликвидација.

14.11.2024 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега