Птичји грип се шири во Франција

Високо патоген вирус на птичји грип е откриен на фарма за мисирки во северозападна Франција, соопшти француското Министерство за земјоделство.

Во соопштението се наведува дека ширењето на заразата на фармата во Бретања е забележано откако птичјиот грип во последните неколку дена бил откриен кај дивите птици.

Министерството додава дека Франција го подигна нивото на тревога за птичји грип од „незначително“ на „умерено“.

Птичјиот грип, кој доведе до уништување на стотици милиони живина во последниве години, обично почнува да се шири во Европа во текот на есента и зимата.

Инфекцијата неодамна е откриена во неколку земји, меѓу кои Хрватска, Унгарија, Германија, Холандија и Италија.

28.11.2023 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега