Проверете во кој град денеска беше најтопло


Највисока максимална температура измерена во 17 часот е во Скопје-Петровец и изнесува 43°C, соопшти УХМР.

Меѓу потоплите градови денеска беа и Велес, Виница, Демир Капија и Кавадарци каде беа измерени 40°C.

Најсвежо беше на Попова Шапка каде измерени се 25,5°C.

УХМР за утре најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

15.08.2024 - 18:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега