Просечната плата во Србија скокна на 810 евра

Просечната нето плата во Србија во декември 2023 година изнесува 95.093 динари(810 евра), додека просечната бруто-плата 130.405 динари(1112 евра), објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија(РЖС).

Медијалната нето заработка за декември 2023 година изнесува 69.842 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.

Просечните бруто-плати номинално се повисоки за 13,1 отсто во однос на истиот месец од 2022 година, а нето-платите за 12,9 отсто, додека реалниот раст на бруто-платите е 5,1 отсто, а нето-платите 4,9 отсто.

Растот на бруто и нето заработката, во периодот јануари-декември 2023 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,8 отсто или реално 2,4 отсто.

Највисоки нето плати се забележани во програмските дејности со просечни 293.604 динари, објави РЖС. Сепак, најголем раст на годишно ниво е забележан во делот на водниот сообраќај, од 21,4 отсто.

 

26.02.2024 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега