Просечната нето плата во октомври 29 145 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 29 145 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11,7 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,1 процент) и Информации и комуникации (10,1 процент).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,1 процент) и Други услужни дејности (2 проценти).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа