Промена до 31 мај - АМСМ со важна информација за возачите
Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија - Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел бидејќи десниот тунел ќе се реконструира.
- Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
17.04.2025 - 08:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа