Го барале со потерница: Скопјанец ќе лежи 11 години затвор

 

На 02.06.2025 на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје.

Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните. 

 

 

03.06.2025 - 10:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега