Привремен режим на сообраќај на крстосницата на булеварот АСНОМ со улицата Февруарски поход

 

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје известува дека денеска, во 8.30 часот, екипи одговорни за одржување на светлосната сигналзиација на градските сообраќајници, ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булеварот АСНОМ и улицата Февруарски поход.

За време на изведување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато.

По должината на улицата Фебруарски поход нема да има прекин во сообраќајот, туку тој ќе се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на булеварот АСНОМ кон улицата Февруарски поход, ќе бидат слободни десните вртења за да може автобусите непречено да се движат, а возилата ќе ја користат истата лента, но и околните сообраќајници околу паркиралиштата.

22.12.2023 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега