Приведен дилер во Кичево, пронајден кокаин
Полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево го уапсиле 39-годишниот И.Б. на 14.05.2022 во 22.50 часот.
„При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја“, соопштија од полицијата.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
15.05.2022 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа